Monday, January 20, 2025
0.8 C
Skopje

СКАНДАЛ НА НАГРАДНАТА БИНА ВО ШТИП – БОКИ 13 ЈА СПРАШТИЛ, ПОБЕГНАЛ И ГО ОСТАВИЛ ЛАЗАРОВ САМ НА НАСТАНОТ?!

Боки 13 побегнал од настанот со Лазаров – организираат игра на среќа без дозвола од Министерството за финансии, објавува Радио Лидер.

Иако претходно најави дека наградната игра ќе продолжи, Бојан Јовановски алиас Боки 13 го остави Стефан Лазаров сам да ја води криминалната наградна игра во Штип.

Неговиот партнер Лазаров од бината кажа дека Боки 13 требало да оди на итна терапија и тој сам ќе ја преземе одговорноста за настанот. Очигледно е дека Лазаров е со прилично променето расположение.

Пред малку, Радио Лидер објави дека Управата за Јавни Приходи вечерва влезе во просториите на локалот Cabaret Clique во Штип, каде што вечерва без дозвола од Министерството за фаининасии наградна игра организираат Бојан Јовановски алиас Боки 13 и Стефан Лазаров. – дознава Радио Лидер од извори во објектот.

На настанот кој може да го видите во живо на јутуб каналот на Стефан Лазаров, може да се види како тој и Боки 13 доделуваат награди за присутните кои имаат купено карта за да присуствуваат на настанот. Ова е кривично дело, затоа што се влече награда, за која присутните плаќаат влезница а организаторите немаат пријавено во Министерството за финансии.

Настанот се уште трае, но како што дознаваме во овој момент инспекторите на УЈП го испрашуваат сопственикот на објектот во кој Боки и Лазаров организираат наградна игра без дозвола. Според нашите информации во моментот на објавување на овој текст се запленуваат билети од страна на УЈП.

Повеќе на Лидер

ОВАА НЕДЕЛА

НАПАДНАТ ЛЕКАР ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА

Тетовец нападнал лекар од Клиничката болница Тетово, стои во...

СЕ ЗАПАЛИ КУЌА ВО ДЕЛЧЕВСКО, ЗАГИНА 37-ГОДИШНИК

Пожар утрово изби во селото Чифлик, Делчевско, а притоа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ