Вишото јавно обвинителство од Скопје дало негативно мислење за барањето на Бојан Јовановски, но врз судиите се врши голем притисок да се прифати барањето за условен отпуст со преиначување на пресудата без повторување на постапката. Бојан Јовановски алијас Боки 13 би можел да добие траен условен отпуст, ако Апелациониот суд Скопје го прифати неговото барање за преиначување на пресудата без повторување на постапката. Бојан Јовановски беше правосилно осуден на казна затвор 9 години за аферата „Рекет“.
Но, поради здравствени проблеми, тој голем дел од казната го помина на слобода. Јавноста се возбуди откакако во последната година Боки 13 повторно се врати во улогата на инфлуенсер и естрадна ѕвезда, снимајќи видеа и учествувајќи во наградни игри под формата гивавеј.
Откако надлежните инспекции ја прекинаа оваа забава, Бојан Јовановски привременено се повлече од било какви јавни настапи. Судски извори брифираат дека сега тој бара преиначување на пресудата без повторување на постапката, што значи дека практично бара да се најде на слобода. Истите извори велат дека вакво нешто е можно само за осуденици кои одлежале најмалку две третини од казната, а Боки 13 нема одлежано ни една третина.
Притсиоците што се вршат судиите се толку силни што еден од тројцата судии кои ќе одлучуваат за барањето на Јовановски (имињата познати на Редакцијата) веќе побарал изземање. Според наши извори, главен лобист за прифаќање на барањето на Бојан Јовановски е поранешен ректор на УКИМ. Вишото јавно обвинителство од Скопје дало негативно мислење за барањето на Јовановски, но судиите од Апелација предупредуваат дека врз нив се вршат политички притисоци.