Thursday, May 15, 2025
17.2 C
Skopje

Боки 13: Наместо дрвата, МПЦ нека ги донира своите златни ланци и возниот парк

Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13, се јави по повод апелите да не се палат коледарски огнови, а дрвата планирани за таа намена да се подарат на сиромашните граѓани. Според него, многу попагански било кога поповите одат со одредена тарифа на погреби и крштевки, отколку кога луѓето покрај огнот се развеселуваат и дружат.

,,Денес е денот кога се палат коледарските огнови….. Татко ми е кум на вечерната фешта во нашето омилено Тафталиџе…. Со среќа кумството, Миле! Денес цел ден слушам по медиуми дека црквата и свештените одговорни лица биле против овој обичај, нарекувајќи го пагански… Па вака, сега да ги прашам јавно што е попагански, дали огновите каде луѓето наоѓаат прилика да се провеселат и да се дружат, или пак попагански е кога ПОПОВИТЕ ОДАТ СО ЦЕНОВНИК И ПРЕЦИЗНА ТАРИФА НА ПОГРЕБИ, ПАРАСТОСИ, КРШТЕВКИ, ВЕНЧАВКИ ?! И за крај, верата си ја сакам и почитувам, но вас ДРАГИ ПОПОВИ И ПОПЧИЊА кои сте како инкасатори за струја, нити морам, нити сакам да ве почитувам! МПЦ апелирала да не се палат огнови и дрвата да се донираат на социјално загрозените граѓани, а јас и апелирам на МПЦ да им ги донира на социјално загрозените своите златни ланци што ги носат околу врат и прескапиот возен парк… Штом е толку грижлива кон оваа категорија на луѓе, многу повеќе ќе им значат овие материјални добра на МПЦ, отколку дрвата за коледарските огнови!’’ – напиша Боки на својот Фејсбук профил.

МПЦ и оваа година упати апел до верниците да не палат коледарски огнови, а дрвата да се донираат. Според нив, коледарските огнови не се традиција која е во согласност со преданието на христијанската вера, и во време на пост не треба да се прават забави и да се мрси, па наместо покрај огновите, луѓето да бидат присутни во црквите на служба и молитва.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

МАЈКА НА ПОВРЕДЕН ВО КОЧАНИ: ПОВРЕДАТА Е ТОЛКУ ЧУВСТВИТЕЛНА ШТО ОД МИНУТА ВО МИНУТА СОЗДАВА НОВИ ПРОБЛЕМИ

Благица Сабовљевиќ-Стоименова, граѓански активист и мајка на повреден вели...

НАЈНОРМАЛНО Е ДА ИМАМ ПРЕКРАСНИ ОДНОСИ СО СРПСКОТО ДРЖАВНО РАКОВОДСТВО, ВЕЛИ СТОИЛКОВИЌ

Според вицепремиерот, влијанието на Србија во земјава се преувеличува,...

ИНЦИДЕНТ МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИТЕ И ПОЛИЦИЈАТА НА ВЛЕЗОТ НА СУДОТ ВО НОВИ САД

Пред зградата на судот и обвинителството во Нови Сад...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ