БОКИ 13 МУ ВОЗВРАТИ НА ДЕЈАН : Изненаден сум од твојата неблагодарност!

0
1466

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, по објавата на „Макфакс“ за приказната на 24-годишниот Дејан Костовски, преку соопштение ги демантира изнесените тврдења во врска со неговата изјава, во која тој вели дека е разочаран од неисполнетото ветување дадено пред две години од страна на Боки 13, дека ќе му ја направи трошната куќа, во која избил пожар, а тој останал на улица, заедно со неподвижниот татко.

Костовски во изјава вели дека куќата е иста како пред две години и само е направен покривот.

„Тој признава дека е точно дека Јовановски му ја плаќал киријата цела година, но случајно „заборава“ да каже дека не само што му е помогнато при вработување, неколкукратно му е дадена парична помош, туку и не исполнил ништо од ветеното што го презел самиот како обврска. Имено, во договор со директорот на ЕВН, Костовски требаше да појде во нивната служба да склучи договор за плаќање на рати на долгот за неплатени сметки од електрична енергија. Од нему непознати причини, Костовски и по неколку укажувања и потсетувања од нашата страна, никогаш не отиде да го направи тоа. Потенцираме, дека материјалот беше однесен во куќата, но мајсторите не можеа да работат, бидејќи немаа електрична енергија. Сепак, одлучивме материјалот да остане во куќата и Костовски самиот да одлучи што ќе прави со него“, се наведува во демантот на Боки 13.

Во соопштението се додава дека тој е изненаден од ваквиот неблагодарен однос кон покажаната грижа и желба да му се помогне, особено што Костовски не е сам и има и сестри, се вели во демантот.

Извор : МакФакс