БОКИ 13-КА ПОВТОРНО НА ОПЕРАЦИЈА КОЈА СПОРЕД НЕГОВАТА МАЈКА ЗАФАТОТ НОСИ ПОСЛЕДИЦА НА ПРЕТХОДНИТЕ ОПЕРАЦИИ

0
499

Бојан Јовановски-Боки 13 повторно под нож. „Скопје1“ дознава дека нему одново му се извршува операција, овојпат во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Потврда за ова добивме од неговата мајка, Јасминка Јовановска, која за „Скопје1“ посочува дека операцијата носи своја опасност.

„Да, примен е на Клиника и се очекува да започне операцијата. Операцијата е за отстранување на липоми, последица на претходните операции, се извршува на Државната клиника“, вели Јовановска за „Скопје1“.

Ова е петта операција на Јовановски-Боки 13, а опоравувањето ќе трае.

„Секоја операција носи своја опасност, со оглед дека Бојан досега е петпати опериран. За жал нема подобрувања во здравствената состојба, по оваа операција ќе треба да се третира соодветно. Опоравувањето ќе трае со оглед дека така налагаат лекарските препораки“, додава Јовановска за „Скопје1“.

Јовановски беше пуштен на слобода токму поради влошена здравствена состојба, за што судот доби потврда од повеќе лекарски извештаи, направени од повеќе клиники но и повеќе доктори, како и цели лекарски конзилиуми.

Пред десет месеци, му беше отстранет и скоро целиот желудник. Хирургот од болницата „Св. Наум Охридски“, Стојанче Јованов, јавно алармираше дека била извршена комплицирана и ризична операција, која беше и животозагрожувачка.

Боки 13 и при неговото прво појавување во јавност, кога беше на судење во Апелација, рече: „Ваква здравствена состојба не посакувам никому“. Тој со терапија дојде на судење.

Во изјава за медиумите кои го следеа судскиот процес, порача: „Мојата здравствена состојба, од ден во ден, при било каква компликација би била од животно-загрозувачки карактер. Ми беше констатирана ‘интенстинална метаплазија’ на желудник и дел од тенките црева, мене ми е извадено над 90 проценти. Многу е жално што некако мојата здравствена состојба стана тема на дискусија во целата држава. Човек кој има извадено над 90 проценти од желудникот има направено субтотална гастроктомија поради постоење на повеќе од осум чирови, кои беа со некротично дно, ако сакате детали – интестинално метаплазие кое значи предканцерогена состојба, е нешто со кое не може секој да се пофали или пак да живее. Во моментов повторно имам улкуси и некакви варикозитети кои се од животозагрозувачки карактер. Со оваа здравствена состојба не бев и не сум во услови да бидам во затворот каде ја издржував казната на која бев правосилно осуден и поради тоа сум пуштен на домашно лекување односно на прекин на издржување казната затвор. Со себе носам цела терапија за да функционирам, покрај тоа што имам сериозен хигиено-диететски режим кој изискува посебна храна за да функционирам. Имам проблеми од органски карактер“.

Извор : Скопје1.МК