Боки 13 го информира Камчев дека “Империја” школски бил сработен од Стефанова, а тој пак вели дека доказите и биле за во Радовиш

0
106

На денешното рочиште за случајот “Рекет” беа објавени неколку снимки кои тајно ги снимил бизнисменот Орце Камчев.

На една од нив, Боки 13 му вели на бизнисменот дека предметот “Империја” е обемен.

-Предметот за “Империја” е многу обемен, со докази и школски е сработен од Лиле Стефанова, ви гарантирам, вели Боки 13.

Камчев, пак, која тајно го снима разговорот, го убедува Јовановски дека не направил криминал.

-Ти гарантирам дека нема криминал, дека доказите на Лиле Стефанова и се за во Радовиш. Ниту има даночно затајување, ниту било каков криминал. Каде е оштетeна државата? Дали СЈО било формирано за да се занимава со стечај на Орка од 2002 година? СЈО е формирано за политичка цел, да падне Груевски од власт. Не е за Камчев и Панделевски. Никој не може да не убеди дека сме правеле криминал, му вели Камчев на Боки 13.

Тогаш бизнисменот го прашува Јовановски дали обвинителката од “Империја” Лиле Стефанова е под контрола, коментирајќи го брифингот на кој присуствувале одредени новинари, а на кој биле запознаени со детали од истрагата.

Тогаш Боки 13 вели дека тоа е пиар на Стефанова.