БОКИ 13КА ЛАЈК ДИС ШИТ – ОДРЖАНА МОДНА РЕВИЈА НА ,,ЛУЈ ВИТОН” ВО СЕДИШТЕТО НА ПАРИЗ ПО ПОВОД УБАВИНАТА НА ЧОВЕЧКАТА КОЖА

0
179

Луксузната модна куќа „Луј Витон“ вчеравечер организираше модна ревија во седиштето на УНЕСКО во Париз инспирирана од човековата убавина и од убавината на тоновите на човечката кожа.

– Ова е оддавање почит на човечките суштества. Од црно преминува во темно-кафеава, па од кафеава и светло-кафеава во беж, потоа малку сива и на крајот во бела – објасни модниот дизајнер за машка облека, Фарел Вилијамс, кој инаку светски познат музичар.

Манекени облечени во облека во сите нијанси на човековата кожа прошетаа околу огромниот глобус на тревата ишарана со препознатливите симболи на фирмата „Луј Витон“.