БОКИ БУРГИЈА : Заев ги заслужува сите гласови на сите здраворазумни, кои можат да ги направат разликите од неговото владеење и она на Груевски

0
727

Пронајдете се…

Јасни ми се меѓусебните препукувања врз разни основи. Некои се разочарани затоа што биле и повеќе не се во политиката, други се разочарани затоа што играле за нив додека биле опозиција, ама сега, откако “нивните“ се на власт не добиле ништо од очекувањата, трети се разочарани затоа што не ја сакаат онаа, односно оној, одвртани им се, четврти се разочарани од сопствената наивност затоа што им верувале, а има и некои други, петти, кои се разочаруваат од нечија јавна подршка на оноа за што тие сметаат дека не треба.

Ебиго друже судија, секогаш има по некои разочарани, и од мене како играч и од тебе како судија. Зависно од тоа колкава е посетеноста на натпреварот, и секако, кои, колку, и какви карактери седат на трибините. Од секогаш на Јужна имало луѓе од кои сум се запрепастувал од вчудовидување до разочарување, кога изрипувале на гол на Партизан, а на секоја друга утакмица на Вардар, навијале за Вардар.

Чудно, нели? Или си за Вардар или си за Партизан, бе, што кој мој навијаш за Вардар кога игра со Динамо и Ѕвезда, а кога Вардар игра со Партизан навијаш за Партизан? Другарки и другари, “жути комбиња“ у сопствени навијачки редови имало одсекогаш и колку сакаш. Све мој до мојега, све шпиун до кодоша, само што не сме знајале, овај, нали? Неисе…

Како е можно да се споредува политиката на Заев со онаа на Груевски? Грујо бараше 61, па бараше 67 пратеници, па бараше 80 пратеници за да може да ги заебава и ДУИ во владината комбинација, од чија политичка платформа зрачеше само и единствено апашлукот, пљачката на државната каса, легализацијата на криминалот и арамилукот кој тие го спроведуваа во континуитет додека владеат.

Грујо не бараше подршка од мнозинството во Парламентот за да ја внесе Република Македонија (Скопје), во НАТО и ЕУ. Не. Неговата агенда беше една и единствена, колку е можно повеќе пари да се трансферираат на странски лични конта, колку повеќе кеш во трезорите на домашните и странските банки, концетрирани кај двајца, евентуално, тројца луѓе. И за ништо друго…

Кој и колкумина беа разрешени од партиските позиции откако ќе им се откриеше афера, откако ќе беа осомничени, или обвинети? Кажете ми еден пример од неговото време на владеење, кога, некој, некоја, биле разрешени од партиските позиции заради откриени девијантни однесувања од дадените им позиции, заради тоа што обвинителството ги сомничи, антикорупциска ги бележи и прозива? Колку иноватинви домашни и европски грантови се отидени у красни курац, пардон, слеани во приватни џебови? Колку дневници за патувања и сместувања во хотели со 7 ѕвездички се поарчени народни пари за курчења со шваљерки и шваљери со шампањска и кавијари уз пратња на тартуфи, од советничките, директорските, амбасадорските, конзулските, министерските и други водиви на јебиветри на газда Грујо кои му асистираа, му ги тинтраа додека тој каобожемски ја водеше државава кон ЕУ и НАТО, а јавноста ги прозиваше и сомничеше? Кој за ваквите потези поднесе оставка, кој беше разрешен од партиските позиции? Кажете ми ЕДЕН/ЕДНА…

Кој поднесе оставка за убиството на Мартин Нешковски, за Смиљковско, за Диво насеље, за удавените бугарски туристи на Охридско? Кој побара разрешување и оставки? Кој друг освен јавноста? Што ако Јанакиевски поднесе оставка кога однапред знаеше дека нема да биде прифатена од првиот криминалец, на кого, и те како му требаше таква наивна фигура, за на крај да го остави сам да се бори со македонските судови, и без око да му трепне, сите кобајаги соработници, да ги напушти со кукавичко бегство?

Тој што бараше 67 пратеници избега од нив и од сопственото семејство, и од државата и од себе. Избега затоа што намерата за потребниот број пратеници му беше откриена. Тие му требаа само да продолжи да пљачкосува, да лепи стиропори и од Скопје да направи Потемкиново село, да дели новогодишен појадок на Камени со суви ланч пакети, сендвичи во автобуси, сладоледи во Жена парк, додек ги токми милијардите евра од нивните пари, а граѓаните ги закитува со пластични штитови и шлемови од Фалангата…

Заев не заслужува 61 пратеник. Точно е. Ич не заслужува онолку колку што има сега, туку, ги заслужува сите гласови на сите здраворазумни кои можат да ги направат разликите од неговото владеење и оноа на Груевски…

Има купишта неправилности и во неговиот начин на владеење, не ми мрчете со нив. Момчакот многу пати се обидува да се протне низ “иглени уши“, понекогаш соочен со теснецот на сериозните закани по сопствениот живот, само за една вистинска и без даљнег, единствена цел – да ја внесе Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ, да ја изнесе од транзициската кал, да биде подобро за сите.

Заев не го смени името за да си го набилда контото, не го правеше тоа скришно и во кафеански кулоари, ниту го смени Уставот тајно за да профитира милиони, како што тоа се обидувал да го направи Груевски, на ист начин како што ја договараше кинеската провизија. Ете, затоа Груевски бараше 61, па 67, па 80 пратеници, и на секои две години одеше на избори. Не за Македонија, не за граѓаните, не за државата. За себе…

Ако овие разлики не ги гледате, ако евентуално не ги чувствувате, побарајте се во едена од групите споменати во првиот пасус. Пронајдете се…

Тенкју…

Фејсбук статус на Борче Трајковски