Friday, February 14, 2025
5.8 C
Skopje

БОЖИНОВСКА НА СРЕДБА НА АГЕЛЕР

Важна е поддршката од Соединетите Американски Држави (САД) во справувањето со енергетските предизвици. Односите меѓу двете земји се градат на цврсти основи на партнерство и меѓусебна доверба. Ова е заклучокот од денешната средба меѓу министерката за енергетика, рударство и минирални суровини Сања Божиновска и американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, која е дел континуираниот дијалог за енергетска соработка меѓу министерството и Амбасадата.

„На средбата се разговараше за зајакнување на соработката во областа на енергетиката, вклучително енергетската транзиција, подобрувањето на енергетската ефикасност и поддршката за обновливи извори на енергија“, се вели во соопштението од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Амбасадорката Агелер на средбата ја потврди заложбата на САД за понатамошно зајакнување на енергетската безбедност и стабилност во регионот.

„Ја нагласи и подготвеноста за поддршка на иницијативи што ќе придонесат за одржлив развој“, велат од ресорното министерство. Оттаму велат дека средбата заврши со договор за продолжување на редовната комуникација за да реализираат поставените еприоритети, со цел дополнително да се унапреди билатералната соработка.

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

РАКУНИ СЕ СЕКСААТ НА КРОВ ОД КОЛА

Луди работи се случуваат на платформата ,,Х". Објавено е...

БЕРБОК: УКРАИНА И ЕВРОПА МОРА ДА БИДАТ ВКЛУЧЕНИ ВО МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА УКРАИНА

Трамп им нареди на највисоките американски функционери да започнат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ