БОГ ДА ЧУВА БРАЌАТА БУГАРИ СЕ ТРАГИ-КОМЕДИЈА: ВЕТОТО НА НАШЕТО ВЕТО ГО УРИВА КРЕДИБИЛИТЕТОТ НА ЕУ, РЕАГИРА БУГАРИЈА

0
2802

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

Бугарија жали што заклучоците на Советот на ЕУ за процесот на асоцијација и стабилизација беа неочекувано блокирани од две земји-членки без образложение за време на денешниот Совет за животна средина на ЕУ. Подготвени сме да ги слушнеме загриженоста што доведе до оваа одлука и да ги продолжиме нашите напори за постигнување консензус за проширувањето, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи (МНР), откако Чешка и Словачка не дадоа согласност за заклучоците на ЕУ за проширувањето. Од министерството на чие чело е министерката Екатерина Захариева, велат дека ветото врз заклучоците на Советот „ризикува поткопување на довербата во ЕУ и спречување на ЕУ да ги испраќа толку потребните сигнали до Западен Балкан за стимулирање на неопходните реформи што земјите кои сакаат да се приклучат мора да ги преземат“ и бараат Советот да овозможи заклучоците да се усвојат за време на тековното германско претседателство со Советот на ЕУ, кое истекува на 31 декември.

Во завршниот текст на заклучоците, на барање на Бугарија беше ставена фразата „погрешно толкување на историјата“, а Чешка и Словачка сметаат дека тоа е штетно и ќе предизвика компликации. „Нема да дозволиме Европската унија да биде судија за нашата заедничка историја, како се идентификуваме или на кој јазик зборуваме“, велат во заедничка изјава чешкиот и словачкиот министер за надворешни работи, Томаш Петричек и Иван Корчок.

„Бугарија ги одобри заклучоците на Советот за време на состанокот КОРЕПЕР II на 16 декември, при што германското претседателство постигна консензус. На инсистирање на Бугарија, на заклучоците беше додадена реченица за важноста на договорите на Република Северна Македонија со Бугарија и Грција и дека нивното спроведување ќе доведе до крај на сите тврдења засновани на погрешно толкување на историјата. За време на состанокот, заклучоците беа одобрени од сите“, велат од бугарското МНР.

Од бугарското МНР појаснуваат дека заклучоците на Советот за проширување на ЕУ немаат никаква врска со процесот на одобрување на преговарачките рамки Албанија и Македонија. „Бугарија ја поздравува преговарачката рамка за Албанија и го поздравува дополнителното време предвидено за подобрување на рамката за Република Северна Македонија“, велат од бугарското МНР.