Богојески: Злоупотребата на МВР од страна на газдите на палатата, да гони кривично за „вербален деликт“, ме потсетува на едно блиско минато

0
344

„Со првиот пообилен пролетен дожд, полжавите излегуваат од куќите“… стара народна мудрост, која во овој денешен контекст за слободата на говорот и изразувањето, има апсолутна смисла.

Во случајов станува збор за куќата именувана како “Мермерна Палата“, од која наеднаш излегуваат нејзините резиденти, кои дождот од критики и јавни мислења, како да ги извлече надвор во повик за акција. Се плашам само дека актуелниве резиденти, ќе испаднат бетер од Никола, кој во овој момент изгледа единствениот спас.

Да се вратам во реалноста. Стилот и настапот на Тричковски, лично не ми се допаѓаат. Навредите и вулгарностите, изразот… по мој стандард не приличат. Ако не беше еден мој пријател да го споделува, веројатно немаше воопшто да го прочитам. Но се ќе направам, слободно да продолжи да пишува, па ако сака и против мене, со уште повулгарен пристап, од оној со кој му приоѓа на Мицкоски. Злоупотребата на МВР од страна на газдите на палатата, да гони кривично за „вербален деликт“, било кој, па било тоа да е и тој Тричко, ме потсетува на едно блиско минато, во кое бевме далеку од демократијата, кон која се стремиме и на која се повикуваме во секоја сфера на нашето политичко секојдневие. Изгледа дека “сталинизмот” е сепак официјалната идеологија на „белата куќа“. Жално е што Мицкоски е тој, кој се потпира на тој “сталинизам”, практикувајќи методи со кои „неправдата“ ја решава со уште поголема неправда, односно некаква „правна мерка“, која селективно се применува.

Заклучокот е тој, стапот има два краја, но и кованицата две лица. Другото лице е она кое се крие зад „медиумите“ на истата таа “бела куќа”, од која со сите сили и средства се повикува на линч, се искажуваат лични закани против сите неистомисленици.

И еве сега јавно прашувам: Дали и јас треба да плачам во МВР, да барам “правна заштита” од културните писанија во медиумите на палатата или јас ја немам таа привилегија како Мицкоски, бидејќи сум на погрешната страна на стапот?

И за крај, Слобода – што беше тоа?

ФБ статус на Петар Богојески