Богојевски за кадрите на ВМРО ДПМНЕ во Влада: Понеквалитетни и понекадарни дури и од предходните груевисти

0
204

На прашање од Борјан Јовановски во интервју за порталот НОВА, како поранешен заменик генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ да ги коментира предложените кадри на Мицкоски во преодната Влада, Петар Богојевски направи споредба со сегашните и предходните функционери на партијата.

– За жал тие кои беа поистакнати во времето на Груевски, беа далеку поквалитетни од вториот ешалон. Овие кои се сега се втор или трет ешалон на груевисти, кои се страшно понеквалитетни и не само по некадарни, туку и со многу помал демократски капацитет од тие што беа прв ешалон за време на Груевски. Во тој поглед, според мене, работите одат на полошо, а не на подобро, истакна Богојевски.