Богоев со порака до претседателот од УМС на ДПМНЕ, Нелоски: Прифати ТВ дуел, охрабри се барем еднаш!

0
673

Претседателот на СДММ и пратеник, Стефан Богоев, преку Фејсбук го повика Владимир Нелоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, на телевизиско соочување на тема младите, нивните проблеми и како до решение.

„Добив покана од ТВ Сонце за дуел со Владимир Нелоски претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ овој четврток.

Со задоволство ја прифатив!

Се надевам дека конечно после 3 години бегање ќе се охрабри и ќе излезе на соочување со мене.

Имам тооолку многу да му кажам и има многу одговори кои ги должи на младите!

Жолта дуња, зелен бор, од Нело чекам одговор 🙂 :)“, пишува Богоев.