БОГОЕВ : РАЦЕ ВО МЕД, КАВГИ ЗА ТЕНДЕРИ И ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА ДОДЕКА СКОПЈЕ СТАГНИРА, ТОА СЕ СЛУЧУВА КОГА ВМРО-ДПМНЕ Е НА ВЛАСТ

0
132

СДСМ во Град Скопје ниту гледа сеир, ниту е во тајна коалиција со Данела Арсовска, порача потпртеседателот на СДСМ, Стефан Богоев во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија.

„СДСМ е една од најактивните советнички групи во Град Скопје, предлагавме решенија, предлагавме решение и за проблемот со јавните претпријатија, кои ние први го најавуваме дека ќе се случи, но слухот од претседателот на Совет Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ, мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска градоначалничка поддржана и промовирана од ВМРО-ДПМНЕ е речиси никаков за нашите барања“ истакна Богоев.

Потпретседателот Богоев посочи дека сето она што се случува во Град Скопје е само потсетник за тоа што значи ВМРО-ДПМНЕ да биде власт.

„Ако граѓаните заборавиле како 11 години ВМРО-ДПМНЕ владееше, еве го Град Скопје, црно на бело да се потсетат што значи ВМРО-ДПМНЕ на власт. Раце во мед, кавги за тендери, партиски вработувања додека градот стагнира, тоа значи ВМРО-ДПМНЕ на власт“ порача Богоев.