Собранието не е пазар, за ВМРО-ДПМНЕ да бира кои закони ќе ги блокира, а кои не. Сите закони се носат во интерес на граѓаните, но можете да бирате и да толкувате кои закони се добри, а кое не, истакна потпретседателот на СДСМ Срефан Богоев, во дебатната емисија 24 анализа, на телевизија 24.
Тој додаде ВМРО-ДПМНЕ попмпезно креира политика криза поради внатрепартиски интереси, бидејќи Мицкоски има проблем да воспостави контрола врз градоначалниците, се плаши од резултатите коишто ги нема во локалните самоуправи и кредитот кај граѓаните брзо го троши.
Нема ништо да се смени само ќе го официјализираат јавно бојкотот во собранието, кој го прават минатите месеци, со блокада на законот за наставници и стручни соработници, законот за армија за кличнички центар, нагласи Богоев.
Тој нагласи дека на граѓаните им е дојдено преку глава од блокирање, сакаат да ги видат сите влијателни политички партии како решаваат проблеми на маса, без упорно да бараат избори и ја кочат државата и ја повика портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева заедно симболично да помогнат на едно семејство во општина Аеродром, кое се наоѓа во тешка финансиска ситуација.
Јавно предглагам да направиме еден пример и да покажеме како треба свесни и совесни политичари да делуваат. Симболично да испратиме порака како можат политичари од власта и од опозицијата да седнат заедно и заедно симболично макар некому да помогнат, нагласи потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев, во дебатната емисија 24 анализа, на телевизија 24.