Богоевски: Џафери направи будали од нас

0
440

Пратеникот, Павле Богоевски, го обвинува собранискиот спикер, Талат Џафери, за вчерашната собраниска седница која заврши без гласање за имунитетот на Трајко Вељаноски. Тој го потсетува Џафери дека стана претседател на Собранието со помош на пратеници кои поради тоа настрадаа при упадот во Собранието.

„Нашиот глас за талат џафери на 27ми април резултираше со обид за наше убиство и терористички акт врз законодавниот дом. Тој немаше ниту гребнатинка. Вчера, тој го злоупотреби истото Собрание и го заштити организаторот од притвор, правејќи будали од сите нас. Денес низ медиумите прочитав информација дека парламентарните седници се одложени поради тоа што дел од пратениците се на службен пат. Тоа е уште една лага која најверојатно е излезена од неговиот кабинет“, пишува Богоевски.