Денес одадов почит на загинатите пилоти и жители на градот Куманово.
На 06.04.1941 година во 5:10ч над Куманово се појавија германски фашистички авиони кои започнале да го бомбардираат градот. Во бомбардирањето 17 кумановчани го загубиле својот живот.
1. Вељановски Денко
2. Гаревска Евка
3. Георгиевски Александар
4. Демирова Џемка
5. Еминовски Ајваз
6. Зодрумис Дионис
7. Јакимовска Санда
8. Јорданова Евка
9. Др. Ѓорѓе Каменетски
10. Костовска Љубица
11. Мамуровски Шабан
12. Марковска Станена
13. Николовска Мита
14. Томиќ Јордаб
15. Томиќ Ристана
16. Трајковски Теодос
17. Сулиманова Зета
Бомбардиран беше и кумановскиот аеродром “Аџитепе-Реажановска коса” каде беше сместена ескадрилата на шестиот воздухопловен полк на Кралска Југославија.
Во изненаден напад и во херосјка воздушна борба и со голема храброст беа уништени четири германски авиони а ескадрилата на шестиот воздушен полк беше уништена. За време на воздушните борби, еден од авионите на шестиот полк снемува муниција и пилотот го насочува авионот во непријателскиот германски авион и истиот го уништува. Првата камиказа со авион е изведена над кумановскито небо во Втората светска војна.
Во борбата животите ги загубија:
1. Полковник Градишник Ферди
2. Капетан Јермаков Константин
3. Капетан Поповиќ Воислав
4. Капетан Иванчевиќ Никола
5. Поручник Танасиќ Никола
6. Поручник Стефановиќ Ѓорѓе
7. Поручник Клинк Владимир
8. Потпоручник Петровиќ Милутин
9. Наредник Арсиќ Јефто
10.Наредник Милојевиќ Ратомир
11. Наредник Стојановиќ Верољуб
12. Јовановиќ Живојин
13. Јуруковиќ Стјепан
14. Поднаредник Ѓорѓевиќ Слободан
15. Механичар Мировиќ Василије
Првиот напад на Кралството Југославија се случил на Куманово на шести април 1941 година.
Вечен помен на пилотите и граѓаните на Куманово кои го загубија животот.
Фејсбук статус на Саша Богдановиќ.