БОБАН СТЕФКОВСКИ : ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ОВАА ГОДИНА ИМА УТВРДЕНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО ОД 91.3%

0
51

OПШТИНА ГАЗИ БАБА СО УТВРДЕНА ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКА ТРАНСПАРЕНТНОСТ

-Согласно објавениот извештај на Центарот за граѓански комуникации за активната транспарентност на институциите, општина Гази Баба оваа година има утврдена транспарентност во работењето од 91.3% со што општината се вбројува во институции со многу добра активна транспарентност.

Ова e утврдена историски највисока транспарентност во работењето на општина Гази Баба!

Кога дојдов за градоначалник на Гази Баба, општината бележеше активна транспарентност од 79.7% и беше вброена во категоријата институции со добра активна транспарентност.

Овој напредок е резултат на нашата отвореност кон граѓаните, јавноста и институциите.Тука нема да застанеме. Во следниот период ќе превземеме и дополнителни чекори за зголемување на транспарентноста во нашето работење.Кога побарав доверба од граѓаните да бидам градоначалник на општина Гази Баба ветив отворена општина, дом за сите граѓани. И тоа станува реалност.