Доцна вечерва сум на терен низ Автокоманда.
Заедно со службите од ЈКП Гази Баба започнуваме со акција за обележување на пешачките премини на локалните улици низ општина Гази Баба со посебен акцент на премините кај училиштата и градинките.
Сообраќајната хоризонтална и вертикална сигнализација е важна за безбедноста на граѓаните и ние работиме на нејзиното оддржување во рамки на нашите надлежности.
♂️Граѓаните се учесници во сообраќајот и нивната безбедност е на прво место.
Им благодарам на вработените во ЈКП Гази Баба за нивната ангажираност и посветеност во работата.
Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.