БОБАН АВАЛОН: КОН КРАЈОТ НА ЈУЛИ КОНЦЕРТИТЕ СЕ ВРАЌААТ ВО МАКЕДОНИЈА!

0
176

Одамна не сум напишал ништо.

Одамна не ми дошло да напишам ништо.

Впрочем, за да преживее човек во вакво мртво време, треба да е умртвен.

И така, си седиме јас и Миа во еден локал и си јадеме.

Почнува “Un’Altra Te” на Eros Ramazzotti.

И, во секунда почнувам да чувствувам комбинација на разни чувства.

Првото е носталгија… је*и га, некако почетоков е сетен.

Па желба да сум на концерт.

Па нервоза, зошто одамна не сум бил на концерт.

Па гордост зошто Авалон го донесе да свири live во Скопје.

И на крај, желба да ви кажам од крај на јули Авалон ги враќа концертите во Македонија.

А, 2022-ра ќе биде историски најјака со големи светски концерти.

Затоа што- је*еш живот без музика и концерти.

@miloseskiboban