БЛИНКЕН : ДОДИЌ ГО КРШИ УСТАВОТ НА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

0
627

Американскиот државен секретар Антони Блинкен го обвини претседателот на ентитетот на БиХ, Република Српска Милорад Додик за кршење на Уставот на Босна и Херцеговина и поткопување на Дејтонскиот договор.

Блинкен утринава на својот официјален Твитер напиша дека Додик „со потпишувањето на законот со кој се негира овластувањето на високиот претставник го прекршува Уставот на Босна и Херцеговина и го поткопува Дејтонскиот договор“.

„САД го поддржуваат ОХР на Босна и Херцеговина, како и суверенитетот, територијалниот интегритет и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина“, додаде американскиот државен секретар  Блинкен.