Friday, February 14, 2025
5.8 C
Skopje

БЛИЗНАЧИЊАТА ПОЧИНАЛЕ ОД ПРЕМРЗНУВАЊЕ – МАШКОТО ПОЧИНАЛО ДОМА, А ЖЕНСКОТО ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА

Близначињата се недоносени, родени во 34-та гестациска недела. Првото новороденче, машко, е со родилна тежина од 1.970 грама, а второто, женско, со тежина од 1.780 грама, соопшти прилепската болница „Борка Талески“. Причина за смртта на двете бебиња близначиња од Прилеп било премрзнување, соопшти денеска ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески” – Прилеп. Оттаму посочуваат дека бебињата биле стари само 20 дена.

„На 30.12.2024 година, во нашата установа, мајка родена во 2001 година, во својата четврта бременост (близначка), се породи спонтано. Близначињата се недоносени, родени во 34-та гестациска недела. Првото новороденче, машко, е со родилна тежина од 1.970 грама, а второто, женско, со тежина од 1.780 грама. На 10.01.2025 година, по барање на мајката и со нејзин потпис, новороденчињата се испишани од болницата.

На 16.01.2025 година, во 10:45 часот, на Одделот за детски болести е донесено женското новороденче во тешка здравствена состојба како резултат на премрзнување. Според достапните информации, машкото новороденче е претходно починато дома од истата причина“, се наведува во соопштението од болницата. Оттаму додаваат дека по приемот на женското новороденче, веднаш била преземена интензивна медицинска интервенција. „Извршена е реанимација, новороденчето е интубирано, поставено во топли ќебиња и применети се дополнителни мерки за затоплување.

И покрај сите преземени обиди од страна на медицинскиот персонал, состојбата продолжи да се влошува. Во 13 часот, за жал, е констатирана смртта на женското новороденче. Изразуваме длабоко жалење за загубата и остануваме посветени на обезбедување најдобра можна грижа за сите пациенти“, се вели во соопштението.

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

РАКУНИ СЕ СЕКСААТ НА КРОВ ОД КОЛА

Луди работи се случуваат на платформата ,,Х". Објавено е...

БЕРБОК: УКРАИНА И ЕВРОПА МОРА ДА БИДАТ ВКЛУЧЕНИ ВО МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА УКРАИНА

Трамп им нареди на највисоките американски функционери да започнат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ