БЛЕСАВА ИЗЈАВА НА ДЕНОТ – ШЕФОТ НА КРИВИЧЕН СУД СМЕТА ДЕКА НОВИНАРИТЕ И ГРАЃАНИТЕ СЕ КРИВИ ШТО СУДИИТЕ БИЛЕ РАСИПАНИ?!?!

0
1168

Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев смета дека граѓаните се корумпирани и сами им нудат мито на судиите, но за тоа се виновни медиумите кои пишуваат дека судиите се корумпирани.

Џолев ова го изјави во дускусија на денешната дебата на тема „Истражување и анализа на состојбите со корупцијата во правосудството“ организаирана од Антикорупциската комисија.

– Јас сметам дека граѓаните се корумпирани и никој не пишува за тоа. Лично ми приоѓаат да сум им завршел предмет, отворено пројавуваат намера да дадат и бакшиш или мито, не само кај мене, туку и кај други колеги. Јас им велам: ’Ај ве молам!’ Сметам дека за тоа се виновни и медиумите, пишувајќи постојано дека судиите се корумпирани. Практично ги хранат граѓаните со такви информации и ги учат дека на тој начин треба да ја добијат правдата пред судот – изјави Џолев, пренесе СДК.

Како овој човек не разбира или се прави дека не разбира дека судиите го научија народот дека мора да бркне во џебот ако сака да истера некаква правда а ние новинарите само ја коментираме и известуваме за суровата реалност дека судиите се најкорумпиран сектор во земјава!