“Анализите се направени.
Целта е победа во центарот на истокот.
Мојот предизвик е да ги обединам сите граѓани, без разлика на партиската и етничката припадност, леви и десни, македонци, турци, роми и власи, христијани и муслимани. Анкетите покажуваат, сите заедно ќе победиме, во првиот круг !
Ве повикувам сите, да се вградите во овој многу важен процес за нашиот град.
Во оваа конечна битка, да ги поразиме остатоците на режимот.
Ќе бидам идниот градоначалник на Штип. А Штип ќе биде вистински центар на истокот и најубавиот град во Македонија.” – напиша на Фејсбук, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип, Благој Бочварски.