„БИ-БИ-СИ“ ГО ВРАТИ ГЕРИ ЛИНЕКЕР, МОЖЕ ДА ПИШУВА НА ТВИТЕР ШТО САКА

0
420

Гери Линекер ќе се врати на популарната фудбалска емисија „Меч оф д деј“ на „Би-би-си“ откако британскиот национален радиодифузен сервис ќе му дозволи да пишува што сака на Твитер без ограничувања.Линекер беше суспендиран откако ги спореди потезите на британската влада околу имиграцијата со тие на нацистичка Германиј од 1930-тите, по што со него се солидаризираа неговите колеги Алан Ширер и Јан Рајт, како и повеќето премиерлигашки клубови кои одбиваа да даваат изјави за „Би-би-си“, пред денеска проблемот да бид решен.

„Сите признаваме дека ова беше тежок период за сите во ‘Би-би-си’, вклучувајќи ги нашите гледачи. За тоа се извинувам. Потенцијалната ‘сива зона’ во препораките за однесување на социјалните мрежи во 2020 сега ја нема и програмите ќе продолжат. ‘Би-би-си’ има обврска за независност и слобода за изразување. Најавуваме ревизија од независни експерти за нови препораки за однесување на социјалните мрежи. Гери останува вреден дел од ‘Би-би-си’ и одиме понатаму“, вели Тим Дејви, генералниот директор на „Би-би-си“.Линекер го замени Дес Лајнам како водител на „Меч оф д деј“ во 1999 година.