БИТОЛЧАНИ ВО ПЕТОК ВЕ КАНАТ ВО ,,БАБАМ БИТОЛА” НА ПРЕКРАСЕН БОЕМСКИ ВИНСКИ САЛОН

0
556

Почитувани медиуми,
„Битола, бабам, Битола,
Таму се живот живее.
Таму се јаде и пие.“

Ве покануваме на најбоемскиот и  најхедонистичкиот настан во Битола.
Ни претставува особено задоволство да ве поканиме на второто издание на „Боемскиот вински салон“ во Битола, кој ќе се одржи на 13 декември 2019 година во холот на Народен театар Битола со почеток од 15 часот.

Салонот има за цел презентација и промоција на  производители на вино, кои ќе ни ги презентираат нивните вински приказни и ќе ни понудат на дегустација вина направени со страст.  На овој начин сакаме да ја градиме винската култура во нашиот регион,  да едуцираме за значењето на поднебјето, за зачувувањето на локалниот биодиверзитет во лозјата, техниките на производство на вино и зачувувањето на животната средина.

На овогодинешното издание на „Боемски вински салон“  планирано е да се претстават преку 20 производители со 80 етикети на вино, кои ќе бидат дегустирани од голем број на љубители на виното.

Организатор на салонот е конвивиумот  „Слоу Фуд Битола“, со поддршка на Општина Битола  Горска вода и Народен театар Битола, кои ни помогнаа  да ја промовираме филозофијата на Слоу Фуд преку презентација на вина од страна на малите винарници.
Ве очекуваме заедно да го славиме виното.