БИТКАТА ПОМЕЃУ ДУИ И ОГНЕНИТЕ ЕСКАЛИРА, РАБОТАТА ОТИДЕ ДО КЛЕВЕТИ, ЗАКАНИ И ПОЛИЦИЈА

0
881

Актуелниот градоначалник на Чаир, Висар Ганиу во полиција пријавил дека му се заканувал по живот, Муарем Хасани, кандидат за претседател на огранокот на ДУИ во Бутел и заменик директор во Царинската управа.Хасани пак преку Фејсбук ги негираше обвинувањата на Ганиу.

-Разочаран, но не и очаен, во целост ги демантирам клеветите на Висар Ганиу за наводни закани од моја страна. Жалење за секој обид за валкање на демократските изборни процеси во ДУИ од страна на отуѓените од семејството што ги родило, ги одгледало и ги донело таму каде што се. Клеветите и оцрнувањето нека им служат на чест, ако ви останало малку чест!, вели Хасани.Од ДУИ пак тврдат дека оваа партија го инсталирала најдемократскиот принцип во партиските изборни процеси – „еден член еден глас“.

-Ние го поставивме овој принцип, но неговото спроведување се одвива на најдемократски можен начин, со позитивен и конкурентен натпревар. Клеветите со намера да фрлат сенка врз оваа нова политичка вредност во земјава се очајнички обиди сонцето да се покрие со сито. Ги повикуваме регистрираните членови на Демократската унија за интеграција да не станат плен на вакви провокации и да продолжат да работат за непречено одвивање на изборниот процес, велат од ДУИ.