Битиќи: 34 дејности ќе работат и во недела, но ќе исплаќаат поголема дневница и ќе даваат слободен ден

0
199

Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, во синоќешното гостување во „Дневник“ на Сител рече дека 34 дејности ќе можат да работат и в недела според драфт-верзијата на Законот за работни односи кој се очекува Владата да го испрати во Собранието

“Недела ќе биде неработен ден, а оние што ќе работат тој ден ќе бидат соодветно платени и ќе добијат слободен ден, пред крај е конечното законско решение и исклучок ќе бидат 34 дејности кои ќе работат и во недела“, рече Битиќи, коментирајќи го предлог-законот кој Владата го најави уште во својата изборна програма.

Она за што се уште се разговара е дали слободниот ден ќе треба да биде искористен веднаш во наредната работна недела или до крајот на следната.

И Сојузот на синдикати на Македонија потврди дека ќе има зголемена дневница и слободен ден за работа во денот недела.