Monday, December 2, 2024
8.8 C
Skopje

БИТИЌИ : СТАВОТ НА СДСМ ЗА РЕДОВНИ И ОДВОЕНИ ИЗБОРИ Е ПРИНЦИПИЕЛЕН,А ЗА ТЕРМИНИТЕ МОЖЕ ДА СЕ РАЗГОВАРА

Нашиот став редовните избори да бидат одвоени е принципиелен, соодветно е да имаме полн мандат на Владата и полн мандат на Претседателот, а за термините може да се разговара, рече потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи, во Само интервју на Канал 5 телевизија.

-Нашиот став е одвоени избори, но спремни сме да разговараме за термините во работни групи. Отворени сме за разговори. Има доволно време, ние сме спремни и не калкулираме, ниту држиме прес конференции со пишани датуми. Несвојствено е да се има кампања за време на верски празници, на пример, сега тоа треба да го имаме предвид. Мултикултурализмот во нашата земја носи и различни моменти, рече Битиќи.

СДСМ, како што посочи, не го зборува сценариото за уставна криза, туку опозицијата го наметнува во јавноста веројатно размислувајќи или правејќи сценарио да претседателските избори бидат неуспешни.

– Ако една политичка партија повика на бојкот тоа е реалноста, во спротивно нема зошто да бидат неуспешни изборите. Можеби тоа е едно сценарио кое се развива во одредени политички кулоари, но не во СДСМ. Затоа што ние сме докажале дека се грижиме и за државата и интересот на државата, а политичката битка е политичка и ние сме подготвени, рече Битиќи.

Тој додаде дека во тој момент како човек кој доцна влегол во политиката, вредносно изграден како човек, неговите деца ги учи на одредени вредности – да живеат, да си ја сакаат татковината секојдневно и призна дека тешко му паѓа кога некој ќе му постави прашање дали неговите деца затоа што се Албанци ќе можат без никаков проблем независно дали се во политичка партија или не да го дадам максимумот за својата татковина.

-Јас во животот никогаш не работам под претпоставки ниту хипотези, дека нешто може да се случи. Ние веруваме многу дека општеството е доволно развиено да не креира ситуации во коишто нема да избереме претседател, дека претседател ќе биде избран. Но, не е битно некој од каде доаѓа, битно е кој е човекот којшто ќе биде на позицијата којашто евентуално ќе ја преземе, потенцираше Битиќи.

Додаде дека од таа причина смета дека дискурсот, превезот на колективизмот треба да се заборави.

-После 21 година искуство во граѓански сектор, во приватен сектор, за да даде нешто назад во општеството и вредносно изграден како човек и сфатив дека во суштина во тој момент единствена политичка партија во којашто јас вредносно можам да придонесам е Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Водени од концептот на „Едно општество“ во коешто сакаме и треба да изградиме општество во кое сите различности се прифатени, истакна вицепремиерот Битиќи.На прашањето дали му забележуваат колегите Албанци или пак го сметаат условно за предавник, Битиќи направи компарација со премиерот на Кососво, Албин Курти и праша „што има повеќе Албин Курти што може да биде социјалдемократ, а Фатмир Битиќи не може да биде социјалдемократ“.

– Дојдено е времето во нормални услови да живееме, затоа што тоа е пораката којашто сакам да ја пратам на моите деца и на сите млади коишто живеат во оваа држава, односно дека ова е новата ера на современата татковина којашто ја викаме Северна Македонија. Затоа што не е срам да живееш во идеологија, во вредности. Јас кажувам во тој момент мене ми беше понудено и дадена можноста целиот свој труд и тоа што сега го правам да го дадам во СДСМ. Се надевам дека сите мои другари во партијата и сите гласачи на СДСМ тоа ќе го препознаат дека до денеска не сум направил нешто што е спротивно на нивните очекувања, истакна Битиќи.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ