Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во интервју за емисијата „Трилинг“ рече дека во декември ќе има преговори за датумите за претседателските избори и дискусија дали може изборите да бидат заеднички.
СДСМ, како политичка партија имавме став да има одвоени избори, прво претседателски, па парламентарни, но го покажуваме демократскиот капацитет да разговараме со сите други политички политички чинители дури и со озицијата која не е научена дека треба да се седнува да преговара и разговара, нагласи Битиќи.
Битиќи не ја исклучи можноста за евентуално коалицирање, со ДУИ, Алијанса и со сите проевропски сили во нашат земја.Следните избори ќе биде битка помеѓу нашата европска иднина на нашата земја, иднината на наите деца, наспроти враќање назад некаде каде не знаеме која иднина ќе треба да ја избереме, порача потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи.