Thursday, May 15, 2025
17.1 C
Skopje

БИТИЌИ : РЕБАЛАНСОТ Е НА ШТЕТА НА ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ

Ребалансот е на штета на домашните компании, Владата нема системски одговор на економските предизвици, вака може да не турне во провалија бидејќи ја нарушува стабилноста и одржливоста на системот, граден во услови и на најголеми кризи, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи, во интервју за порталот „Локално“.
Битиќи нагласи дека проекциите за буџетскиот дефицит и зголемувањето на јавниот долг се навистина загрижувачки и покажуваат недостаток на одговорност и далекувидност од страна на новата влада, кај која не се артикулира јасна визија и стратегија за развој.
-Се предвидува дефицит од фрапатни 4,9% и динамика на зголемување на јавниот долг на ниво од 68%. Ова се економски индикатори кои укажуваат на отсуство на  намера и способност државата да се води кон стабилност и просперитет. Со овој раст на дефицитот и јавниот долг, успеваат да создадат множество на реални ризици кои ќе ја поништат и драматично намалат реалната куповна моќ на пензионерите со предвиденото линеарно покачување. Во оваа ситуација, покачувањето на пензиите станува празно ветување, потенцираше Битиќи.
Битиќи нагласи дека со овој раст на дефицитот и долгот растат и ризиците по кредитниот рејтинг и довербата на државата, односно може да доведат до намалување на довербата кај меѓународните инвеститори и кредитори.
-Но ова очигледно не им е грижа, бидејќи премиерот гради вонинстиуционална и во четири очи доверба со Влади кои имаат поинакви политички и економски разбирања од оние на развиените западноевропски држави, вели Битиќи.
Тој нагласи дека со овој ребаланс е донесена една од најнеодговорните одлуки на Владата со која се предизвикува директна штета на домашните компании.
Финансиските средства кои се реализираат преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, каде 99% корисници се домашни компании, се кратат за речиси 5 милиони евра, а  дополнително кратат и околу 2,5 милиони евра наменети за привлекување странски директни инвестиции и развој на слободните економски зони, истакна Битиќи во интервју за порталот „Локално“.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

КОШТА: НЕМА ПЛАН ,,Б”, ИСПОЛНЕТЕ ГО ОНА ШТО Е ДОГОВОРЕНО

Европската унија очекува Северна Македонија да го исполни договореното за да...

ЗЕЛЕНСКИ ЈА ПРИФАТИ ИГРАТА НА ПУТИН, ЗА ДА ЈА РАЗОТКРИЕ НЕГОВАТА НАМЕРА ДА ПРОДОЛЖИ ВОЈНАТА?

Дали отсуството на рускиот претседател Владимир Путин на преговорите...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ