Битиќи: Ние враќаме она што некој во Будимпешта денес го ужива

0
493

Во 2014 година ВМРО-ДПМНЕ секој еден граѓанин се задолжил за некаде 2 500 евра или 500 милиони евра со каматна стапка од околу 4% и сме платиле во овие 7 години 140 милиони евра камата, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека според пресметките да не го направеа ВМРО-ДПМНЕ тоа задолжување, досега ќе имавме 7 модерни училишта како изграденото училиште Киро Глигоров, 42 градинки како градинката Јаболче во Ресен, 320 км канализација, 160 км примарна водоводна мрежа или секоја година за таа разлика само во камата ќе беше доволна за цела година да ja покриеме социјална гарантирана минимална помош односно социјалната помош за 45 000 домаќинства. „Тоа е разликата.“ додаде Битиќи.

– Ова што сега го враќаме не е нешто што ние сме го направиле, туку нешто што некој претходно го направил, а притоа си го ужива тој што е во Будимпешта, нагласи вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.