
„Ова ВМРО-ДПМНЕ денес е истото од тој 27-ми април пред 7 години. Тоа го гледаме во секоја нивна порака за раздор и поделба и денес кога повторно ја бараат вашата доверба.
Затоа на 8-ми мај да ги замолчиме гласовите на насилството и поделбите и да се обединиме. А тоа зло – НИКОГАШ да не се повтори“, вели Битиќи и порачува дека „ние не сме случајни минувачи низ нашата Македонија – ајде заедно да бидеме архитектите на една стабилна и европска иднина за нас и нашите деца“.