Битиќи на ТВ 24: Само со мерката минимална плата за секој вработен таргетираме 250.000 вработени и 35.000 компании

0
185
Владините мерки за справување со екомомската криза од коронавирусот се насочени кон стопанството, но многу повеќе кон работниците, да ги задржат работните места и да имаат достоинствен приход додека трае кризата, порача во гостувањето на ТВ 24 претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ, Фатмир Битиќи.
– Во првиот сет на мерки прво им помогнавме на оние сектори кои беа први на удар. Вториот сет на мерки е веќе наменет за сите компании. Дури 87 отсто од компаниите се подобни да аплицираат за овие мерки. Само со мерката минимална плата од 14.500 денари се таргетираат околу 250.000 работни места и се таргетираат 35.000 компании, истакна Битиќи.
Ваквата поддршка, додаде Битиќи ќе се дава под одредени услови, односно компаниите ќе мора да докажат дека нивните приходи се намалени и се погодени од кризата.