БИТИЌИ : КАКО ВИЦЕПРЕМИЕР ЦЕЛИ 32 ДЕНА ЧЕКАМ ПАСОШ – ВМРО-ДПМНЕ ГО БЛОКИРА СИСТЕМОТ

0
246

– Слепилото коешто настанува кај ВМРО-ДПМНЕ за да дојде на власт нема мерило. Само што дојде министерот, рече дека имале 50. 000 фиктивни јавувања и термини, и првото прашање што јас го поставувам и би го поставил секој, како одеднаш ги фатиле тие 50.000 фиктивни термини? Дали можеби тие 50.000 фиктивни термини не се нивна заслуга и тоа е инструирано, за да падне целиот систем. Некој вртел цело време, намерно, а последицата од тоа е пад на системот. Значи, некој сака да направи атак на системот, и кога тој истиот ќе дојде на власт, да рече еве ја сум магионичарот – рече Битиќи.

Тој потенцираше дека и за обрасците за пасош повторно се политичките игри на ВМРО-ДПМНЕ и дека не е вистина дека немало доволно обрасци.

– Не е вистина дека немало доволно обрасци. Има една многу интересна работа, во 7.30 се затвораат пунктовите за сликање. Ама, имало друг список во 7.45 за сликање каде доаѓаат и се редат од 7.45 до 9 навечер, тоа е другиот список, оној „сваровски“ список. Ова го кажувам јавно, затоа што во ВМРО-ДПМНЕ и да се променети луѓето, манирите им се исти. Затоа и ќе бранам сѐ што сум направил, сѐ што моите колеги имаат направено, сѐ што СДСМ има направено затоа што сме далеку подобри и повеќе си ја сакаме оваа држава од оваа група на луѓе која се обидува да дојде на власт – рече Битиќи.