БИТИЌИ : ЗАКОНОТ ЗА НЕФЕР ТРГОВСКИ ПРАКТИКИ ЌЕ ДОНЕСЕ ПОЕВТИНИ ПРОИЗВОДИ НА ТРПЕЗИТЕ

0
127

„Законот за нефер трговски практики ќе донесе поквалитетни производи на трпезите на граѓаните и поевтини од она што го имаме денес“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во неговото гостување на ТВ Шења.Тој додаде дека со Законот нема да има веќе потреба државата да мора да интервенира со замрзнување на цените или профитните маржи.

Вицепремиерот Битиќи додаде дека од односот кон Законот од страна на дел од медиумите може да се види дека интересот на граѓаните е спореден, додека примарен е интересот на тие кои плаќаат за телевизиските реклами.„Мислам дека ова ќе ја смени оваа практика и граѓаните моа да бидат информирани“ рече Битиќи.