Saturday, May 24, 2025
11.8 C
Skopje

БИТИЌИ : ВО НАЈАВА Е ,,ФРАНКЕНШТАЈН ЕКОНОМИЈА”, ИМАМЕ ТОТАЛНА ФИСКАЛНА ДЕСТРУКЦИЈА

„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција. Со нарушување на буџетското правило за дефицитот и неговото зголемување од 3,4% на 4,9% од БДП и зголемувањето на јавниот долг од 58% на 68%, во најава е Франкенштајн економија, во која различни и често контрадикторни економски политики преку ребалансот се соединуваат во една нефункционална и разорна целина“, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, на кој се расправаше за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година
Битиќи нагласи дека со ребалансот економијата ќе биде претворена во чудовиште составено од разнородни и неприродно споени политики, притоа изнесувајќи оценка дека наместо да се гради економија која обезбедува можности за сите, ќе гледаме заробен систем кој функционира само за привилегираните – и тоа со привилегии стекнати во четири очи.
„Овие основни економски индикатори укажуваат на отсуство на  намера и способност земјата да се насочува кон стабилност и просперитет. Ребалансот за кој денес расправаме е првиот економски тест за новата Влада, на кој, со усвојувањето, таа ќе падне, затоа што не се препознава системски и холистички пристап во прекројувањето на буџетот, на повидок е економска динамика која ќе не’ турка кон амбисот. Не се препознава почитување на основните макроекономски правила и принципи“, рече Битиќи.
Во своето обраќање Битиќи предупреди дека ќе се отворат процеси кои сериозно ќе ја оттргнат економијата од стабилност и одржливост, кон што претходно беше насочена и тоа во услови на најголеми економски и енергетски потешкотии.
„Успеавме буџетскиот дефицит да го намалиме на 3,6%, а јавниот долг да го спуштиме на ниво од 55% од БДП. Според проценките на Фискалниот совет, независното тело кое објективно и професионално ги надгледува макроекономските и фискалните политики во земјава, вкупниот јавен долг не смее да надмине 53-55% од БДП. Оваа проценка е според капацитетот и структурата на нашата економија, а не според способноста за оценки правени во четири очи“, истакна Битиќи, притоа дополнувајќи дека дополнителни фискални ризици ќе предизвика проектирањето на буџетските расходи на ниво од скоро 40% од БДП, што е историски највисоко ниво.
„Фискалниот совет оценува дека неопходно е успорување на растот на јавните расходи во однос на растот на номиналниот БДП и нивно сведување на долг рок на 33-34% од БДП, колку што дозволува функционалноста на сегашниот систем на даноци и придонеси“, појасни Битиќи.
битич

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ