БИСЕРА АНТОАНЕТА ПЛАТИЛА 846 ЕВРА ЗА ШКОЛКИ, БИЗОНСКО ФИЛЕ, ТЕЛЕШКО КАРПАЧО СО НАРОДНИ ПАРИ ОД СЛУЖБЕНА КАРТИЧКА, ИЗЈАВИ ЛЕФКОВ

0
106
  • Антоанета вечерала во луксузниот виенски ресторан Дистрикт, а на нејзината маса се нашле школки, бизонско филе, телешко карпачо, сето тоа платено од народот.

    Бисера Антоанета не штедела ниту во ресторанот Соле, каде за еден ручек платила 249 евра, а за вечера во истиот ресторан 212 евра. Овде на менито на Антоанета била италијанска храна.

    Само за овие три ресторански посети Бисера Антоанета платила 846 евра или 53.136 илјади денари.

    Да добро слушате, Бисера Антоанета за еден ручек и две вечери со народни пари платила колку што изнесува месечна потрошувачка кошничка за цело семејство.

Миле Лефков на денешната прес-конференција за трошоците од државна картичка на поранешната министерка, Бисера Костадиновска – Стојчевска