Saturday, March 15, 2025
24.8 C
Skopje

БИРОТО ЗА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТ И ЦАРИНСКАТА УПРАВА СПРЕЧИЈА МЕЃУНАРОДЕН КАНАЛ ЗА ШВЕРЦ НА ДРОГА, АПЛЕНЕТИ 188,6 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА

Во заедничка акција на Бирото за јавна безбедност при МВР  и на Царинската управа, вчера (12.02.2025) на граничен премин Богородица беа запленети 188,6 килограми марихуана и на тој начин е спречен меѓународен канал за шверц на дрога. Две лица се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Во врска со акцијата, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски на граничниот премин дадоа изјави за медиумите, при што истакнаа дека случајот е резултат на зајакнатата соработка и добро координирани акции на полициските и царинските службеници.

„Во заедничка акција која траеше неколку дена покажува дека заеднички можеме во интерес на граѓаните. Криминалното мочуриште што го имаме во државата повеќе нема да го има. Ова не е место за нив. Заеднички координирано со Царинска управа координирано работиме во неколку области.

Мора да би да бидеме координирани. Заедно покажуваме дека можеме да работиме силно и успешно за заеднички успеси и превенција на криминалот. Нема место за криминал. Македонија мора да биде на ниво на напредните држави. Системот и законите мора да владеат. Го сузбиваме криминалот и корупцијата на сите нивоа.“, истакна директорот Јанев.

„Царинската управа влезе во траг и спречи меѓународен канал за шверц на дрога. Во заедничка акција со Бирото за јавна безбедност на граничен премин Богородица се запленети 188 килограми и 636 грама наркотична дрога марихуана, која требало да заврши во Турција. Случајот го следиме подолго време, што на крај успешно резултираше со откривање на криминалната мрежа, која требало да оперира низ неколку држави”, истакна Николовски.

Сторителите на кривичното дело, двајца возачи, едниот од Тетово, а другиот од кумановско, на 8 февруари влегуваат на Блаце со камион и на 9 февруари со истиот камион, едниот од нив го презема камионот и од место меѓу Куманово и Крива Паланка оди кон Богородица. На граничниот премин е извршена детална контрола на камионот, при што помеѓу компресирана рециклирана хартија во четири бали е пронајдена дрогата. Проценетата вредност на дрогата, информира Николовски, на црниот пазар изнесува 707 илјади евра.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА РАЗБИЕНА Е ПОГОЛЕМА ГРУПА, УАПСЕНИ 23 ЛИЦА

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под координација на јавен...

МАЖ И ЖЕНА ОД ПРИЛЕП ОГРАБЕНИ ЗА 15 000 ЕВРА, ИЗМАМНИЦИТЕ ИМ ГИ ЗЛОУПОТРЕБИЛЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Непознати измамници убедиле брачна двојка од Прилеп да симнат...

ПЕТРУШЕВСКИ: НАРОДОТ НА МИНИМАЛЕЦ, А СЛОБОДАН ТРЕНДАФИЛОВ СИНДИКАЛЕЦОТ НА БАТЕРИИ ОД СДС И ЛЕВИЦА СО ПЛАТА ОД 75.000 ДЕНАРИ

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Почитувани, Почнуваме со демаскирање...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ