Thursday, December 5, 2024
4.8 C
Skopje

БИЛЈАНА ВАНКОВСКА Е ПРОГЛАСЕНА ЗА БАЛКАНСКИ „ТРОЛ“ ПОРАДИ ШИРЕЊЕ НА ОМРАЗА КОН АЛБАНЦИТЕ

Балканскиот трол на месецот е поединец, група на поединци или медиум кој шири омраза врз основа на полот, етничката припадност, религијата или други категории на различност. „Балканскиот трол“ се избира врз основа на случаите на говор на омраза идентификувани низ регионот на Западен Балкан од регионалната мрежа против говор на омраза „Reporting Media Diversity (RDN)“, пренесува Порталб.мк.Билјана Ванковска, која е подржана од исто така антиалбанската партија „Левица“, и која собира потписи за да се кандидира за претседател на Република Северна Македонија, оваа титула ја доби поради нејзините реакции на Фејсбук во врска со случајот со нападот во националниот давател на воздухопловни услуги, АД „М-НАВ“.

Таа изјави дека „некој треба да лета оттука, со клоци! А не да слави роденден во некое владино министерство!“. Ова е фрлена ракавица особено во лицето на нашите сограѓани Албанци! Да видиме дали се спремни да се соочат со таква закана за јавната безбедност и здравиот разум!“

„Иако е нејзино право да ги критикува ваквите акти на насилство, Ванковска инсинуираше дека Албанците мора да реагираат и да сносат одговорност за постапките на поединци и на партиските претставници. Обвинувањето на цела етничка група за постапките на поединци е неправедно и може да биде доста опасно, особено во мултиетничка земја како Северна Македонија. Пренесувањето на одговорноста од авторите и институциите врз албанското малцинство е крајно штетно за демократските вредности и односите меѓу различните етнички групи во земјата. Освен тоа, реториката што ја повторува Билјана Ванковска може да биде штетна за и онака кревките меѓуетнички односи во Северна Македонија, со што го попречува мирниот соживот“, пишува RDN.

Како што пишува RDN, ова не е првпат професорката Ванковска да користи ваква поттикнувачка реторика.

„Една универзитетска професорка која шири етничка омраза на социјалните мрежи ги поткопува академските вредности, ја нагризува довербата и поттикнува атмосфера на поделеност спротивна на принципите на високото образование. Покрај тоа, поттикнува ширење на етничка омраза меѓу членовите на општеството“, пишува RDN.

Ванковска во јавноста е позната по националистичките ставови против Албанците
Билјана Ванковска, на денот на несреќата кај Ласкарци во која што животот го изгубија 16 лица, преку социјалната мрежа Фејсбук сподели статус „Каква трагедија и иронија: Карпалак”, кој беше оценет како говор на омраза бидејќи несреќата ја поврза со конфликтот од 2001 година во Карпалак, во кој од формации на ОНА загинаа 10 војници на македонската армија.
За статусот на Ванковска тогаш веднаш реагираше министерот за образование и наука, Арбер Адеми кој од надлежните органи, но и од академската фела побара веднаш да реагираат за овој случај. Против речникот на универзитетската професорка, активистот за човековите права Aлберт Хани тогаш покрена и петиција.

Но, и покрај говорот на омраза за Ласкарци, обвинителството не ја гонеше кривично.
Инаку, иако говорот на омраза или поттикнувањето говор на омраза во Македонија е кривично дело, со години никој не е казнет. Кривичниот суд Скопје казнил парично само две лица за говор на омраза. Бројот на казни е прилично мал.

Извор : Мета

ОВАА НЕДЕЛА

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

БРИТАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ВЕТЕРАНИ : НАШАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ УНИШТЕНА ЗА САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ ВОЈУВАЊЕ

Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер...

ОВА Е НАЈМОЌНИОТ ТЕЛЕФОН НА XIAOMI

Xiaomi се подготвува официјално да го претстави новиот модел...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ