БИЛАТЕРАЛНА СРЕДБА НА УСТАВНИТЕ СУДОВИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

0
652

Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателката на Судот, Добрила Кацарска, оствари официјална посета на Република Бугарија во периодот од 7 до 10 јуни 2023 година.

Во рамки на посетата се реализираа работни средби со фокус на дискусија на тема „Пристапот на граѓаните до уставната правда”. Судиите од двата суда разменија искуства преку практични примери на оваа тема, со цел приближување на уставното судство до граѓаните како концепт на унапредување на граѓанските слободи и права и заштитата на владеењето на правото.

На средбата се утврдуваа насоките за подготовка на Балканскиот уставен форум, кој се планира да биде основан како асоцијација на уставни судови од земјите од Југоисточна Европа.  Овој форум е идеја произлезена од соработката помеѓу двата уставни суда, при што на иницијатива на Уставниот суд на Република Бугарија, на крајот на октомври 2023 година, во Софија се планира да се одржи првиот основачки состанок.