Бизнис партнерите на Груевски одат во затвор

0
583

gjorgji-spasov

Ако е точна поговорката „Со кого си таков си„ тогаш на Груевски не му се пишува добро.

Неговиот клучен партнер во зделката со „Македонска банка„ газда Нини е во затвор.

Неговиот партнер од времето на „Аналитико“ и партнерот за изградба на офицерски дом и хотели на плоштатод на Скопје, грчкиот милијардер Кондоминас е во затвор.

Финансиерот на неговата партија и поранешен директор во „Јака„ Радовиш Загорац Тумбовски кој тврди дека има признаници каса прими од Јанкуловска на сума од половина милион евра е во затвор.

Индискиот милијардер на кого Груевски му го подари Овче Поле за да донесе 20 илјади крави и да направи туристички рај од Охрид, Субрата Рој е во затвор.

Директорот на Грчката компанија „Актор„ Баболас кој победи на тендерот за изградба на автопатот во Македонија од Демир Капија до Смоквица со понуда повисока за 40 милини евра од најдобриот наддавач е во затвор .

Сопстевникот на лерницата „Јеремиќ„ од Србија преку која Груевски набавуваше споменици за Скопје 2014. е во затвор заради корупција.

За Кинеската компанија „Синехидро„ која ја доби изведбата на автопатиштата во Македонија ,економскиот експерт Максвел Саунгвеме од Зимбабве изјавува:. „Кинезите се омилени инвеститори на корумпирани владини функционери затоа што нивните инвестиции доаѓаат со многу малку услови за теми како етика, еколошка заштита, корупција, владеење на правото“ Оваа компанија со која зделки направи Груевски е според Дојче веле, привремено суспендирана од Светка банка поради корупција.

Руската компанија „Стројотранс„ која ја започна изградбата на гасоводот Клечовце –Неготино и чија инвестиција чини 75.7 милиони евра е во сопстевност на олигархот Генадиј Тимченко. Тој е на листата на лицата санкционирани од САД во врска до кризата во Украина и пристапувањето на Крим кон Русија.

Каде оди Македонија со вакви бизнис партнери на Груевски веројатно само тој знае.Ако се знае и дека автобусите ни се од Кина, хелихоптерите од Украина, а разузнавачката опрема од Изреал станува се јасно.

Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов