Friday, January 24, 2025
1.8 C
Skopje

Бизнис мрежата околу Коста Крпач е обвиена со офшор-мистерии поврзани со моќни структури во ВМРО-ДПМНЕ!

Фирмата „Финзи“, чиј директор Коста Крпач минатата среда беше најден мртов во неговиот стан во скопски Центар, на директен или на индиректен начин е поврзана со три компании, кои во јавноста не се експонирани, а сепак станува збор за моќни фирми со огромни приходи, пишува БИРН.

Станува збор за фирмите „Ексико“, НВСП и за агенцијата за обезбедување „Секјурити груп сервисес“ или скратено СГС. Токму поврзаноста на „Финзи“ со овие компании, е можен мотив за интересот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), особено зашто фирмите СГС и НВСП се спомнуваа во т.н. бомби на опозицијата.

Првата беше спомната како фирма зад која се крие поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, а втората, како фирма на која наводно треба да легне провизијата од израелската донација наменета за опрема на полициските специјалци.

Поврзаноста меѓу „Финзи“ и фирмата НВСП, пак, е преку лицето Владислав Стајковиќ, кој исто така беше аболиран од претседателот Ѓорге Иванов, иако неизвесно е дали и каква предистражна или истражна постапка се водела против него.

БИРН успеа да го добие телефонски поранешниот директор на „Финзи“, Стајковиќ. Кога го прашавме дали знае зошто Иванов го аболирал и какви биле неговите бизнис релации со Крпач, тој кратко одговори:

„Јас не сум човек што шпекулира, па оттаму не можам да шпекулирам зошто сум аболиран. Не е во ред сега да зборувам за Крпач, да го оставиме човекот да почива во мир, не е христијански сега да зборувам за тоа“.

На прашањето дали ќе бара претседателот да ја повлече одлуката за негова аболиција, Стајковиќ рече:

„Тоа е моја работа“.

Стајковиќ, според документите од Централниот регистар, бил директор на „Финзи“ до 2011, кога на таа позиција доаѓа сега покојниот Коста Крпач. Стајковиќ е газда на НВСП и директор на „Мобико“, фирма каде што сопственик е Жарко Луковски, главен оперативен директор на Македонски Телеком, кој е во кумски врски со Сашо Мијалков и кој исто така беше аболиран од страна на Иванов.

Повеќе од текстот на БИРН на следниот линк ОВДЕ.

ОВАА НЕДЕЛА

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД КАКО ШТО ГО ЛИЧИ СО НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕСВРТ ОД 2-1 ГО ПОБЕДИ ГЛАЗГОВ РЕНЏЕРС НА ОЛД ТРАФОРД

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед преку неизвесен и драматичен финиш...

МИЦКОСКИ СО РЕАКЦИЈА ДО ГРЧКОТО МНР: СЕ ЧУДАМ ОД КАДЕ ТИЕ СЕ ПОЧУВСТВУВАА ПОВИКАНИ

Премиерот Христијан Мицкоски не ја разбира реакцијата на грчкото...

ТРИ ЖЕНИ ПРИВЕДЕНИ ПОРАДИ ТЕПАЧКА ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП

Фото : Скриншот ,,РадиоПела". 22.01.2025 во 14.45 часот на бул.„Гоце...

ТРАМП ОД ДАВОС ПОБАРА ДА СЕ НАМАЛАТ ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ЗА ДА ЗАПРЕ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Американскиот претседател Доналд Трамп, во неговиот прв поголем јавен...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ