БИЗНИСМЕН ДОНИРАШЕ 20.000 ЕВРА ЗА СТРУЈА ЗА СОЦИЈАЛНО – ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА ВО КИСЕЛА ВОДА

0
1613
💡⚡Обезбедивме донација за струја за социјално-загрозените семејства.

💰 Ова е донација од приватна компанија која ќе субвенционира сметки за електрична енергија на социјално загрозените семејства.

☝️ Во време на енормно зголемени цени на сите продукти и општа финансиска криза, обезбедената донација, е наменета токму на оние на кои во моментов имаат најголема потреба од помош.

⚠️ Истата е во износ од 1.200.000, 00 денари, односно по 100.000, 00 денари во текот на дванаесет месеци.

☝️ Во наредните денови ќе објавиме јавен повик на кој ќе можат да аплицираат ранливите категории-социјално загрозени семејства, самохрани родители и деца без родители.

📄 Апликантите ќе бидат разгледани од повеќечлена комисија, а изборот ќе биде направен така што ќе може да се опфати што поголем дел од ранливите категории.

☝️ Ова е уште еден од чекорите кои општина Кисела Вода ги презема во насока на намалување или ублажување на сиромаштијата со која живеат се поголем број на семејства во Македонија.

🍲 Во рамки на проектот ,,Храна за сите”, во неколку наврати беа и ќе бидат обезбедени хуманитарни пакети за економски немоќните семјества, а од септември, финасиска поддршка на домашниот буџет ќе имаат и сите семејства кои имаат првоодделенци.

🎒 Преку проектот Ранче за секое прваче”, ќе биде обезбедена бесплатна чанта, тетратки и прибор за запишаните првачиња во сите основни училишта на територија на општина Кисела Вода.

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.