Бившиот партнер ми го киднапира детето и психички ме малтретира

0
557

3о годишна Скопјанка, по професија  дизајнер,  живее на работ од пеколот и страв за сопственото дете кое решила да го роди вонбрачно. За врската со бившиот партнер кој случајно го запознале пред 6 години, како што вели, ни на сон непомислувала дека ќе и донесе пекол нејзе и нејзиниот две ипол годишен син.

765349-domestic-violence-540x304

– Останав бремена и одлучив да го родам детето, но да не засновам брачна заедница со тогашниот дечко, оти со текот на времето сфатив дека тој не е партнерот со кој треба да остарам. Едноставно, сфатив дека со неговиот карактер не е се баш во ред – вели таа.

– Родив прекрасно синче, сега има две ипол години, сама се грижам за него и тоа го правам со многу љубов. Но, токму детето е изговор бившиот љубовник психички да се изживува. Убедена сум дека не му е до детето, едноставно сака мене животот да ми го прави пекол за да ме казни што го оставив и сум самохрана мајка. Колку и да е тешко сама да се грижиш за детето мене ми е тоа повеке од се, не е важно дали и колку имам, никогаш од биолошкиот татко не сум побарала ништо – вели таа.

Вели дека поранешниот партнер е опседнат со неа и прави се да ми и го загорчи животот.
– Сила никогаш не употребил, мислам на физичка, но некогаш си велам: „Ова моево е пострашно и од тоа“. Неколкупати ми го киднапира детето од градинката, си го враќав со полиција. Знам дека не му е до детето туку ви реков, мене да ми прави пекол. Навечер многу често доаѓа пред станот во кој живееме со синот, удира со клоци по вратата, урла и пцуе и приморана сум постојано да се јавувам во полиција – вели таа.

Полицијата доаѓа, но нивниот одговор е секогаш ист.

– Законски ние не можеме ништо. Сега ќе му речеме да си оди, да ве остави на мир Вас и да не го вознемирува комшилукот – е одговорот кој таа го добива од полицијата

-Полицајците дури ме советуваа да најдам јас некој, да го заплаши, добро да го натепа и да дигне раце и да не остави на мир мене и моето дете – вели таа.

– Но си мислам, па не е тоа вистинското решение, иако, признавам, понекогаш сум и во дилема дали да не преземам таков чекор, кога законите во државата се такви, и не само јас туку и други такви како мене оставени сами на себе – вели таа.

Оваа жена побарала помошод ресоцијалниот центар за самохрани мајки овде во Скопје.

-Тие работат на проблеми како моите, помагаат. Ми помогнаа правно да почнам да си барам заштита или едноставно живот без страв за мене и синот. Започнав процедура судот да му забрани да ни се приближува, да не смее на своја рака од градинка да го зема моето дете, едноставно да се тргне од нашите животи. Проблем, кој мислам дека го има, нека си го решава сам, нека побара лекарска помош – вели нашата соговорничка.

Оваа храбра жена вели дека колку и да е тешка живеачката во Македонија,особено за нејзината професија во оваа сиромаштија да заработи за живот, ќе се снајде. Ќе се потруди нејзиниот син да го има тоа што го имаат неговите другарчиња. Посакува само нејзиниот бивш партнер, биолошкиот татко на детето да ги остави на мир.

Не кажува гласно, но во очите и се чита гнев кон институциите и дилема до кога ваквите закони повеке ќе им бидат во корист на оние што прават било физичка или психичка тортура отколку на жртвите.