БЕЈЛИ И ОРАВ ГО ЗАПУКАА ГРУЈОТА: По јакиот отпор на Заев да попушти за 5-ти јуни, амбасадорите се предомислија, креваат рачна и почнаа да пукаат по Груевски, испуштена била шансата за фер избори?!

0
499

Политичките лидери на оваа земја имаат одговорност пред своите граѓани да ја вратат земјата назад на евроатлантскиот пат преку спроведување на нивните политички договори и на итните реформски приоритети, порачува Американската амбасада во Скопје и ЕУ, по распуштањето на парламентот и најавата за бојкотот на изборите на 5 јуни од страна на СДСМ.

„ЕУ и САД ги поддржуваат сите партии и другите учесници во процесот на нивната работа за создавање услови за кредибилни избори. Ова подразбира прочистување на избирачкиот список, спречување на било каква форма на заплашување или притисок врз гласачите и обезбедување фер медиумско покривање. Извесен прогрес е направен на овие полиња, но останува уште многу работа. Тоа е одговорност, не само на државните институции да подготват кредибилни избори, туку и на политичките партии. На 6 април се пропушти таква можност“, се вели во писмената реакција на америкаснкиот амбасадор Џес Бејли и на евроамбасадорот Аиво Орав.

Оттаму порачуваат дека заедно со другите меѓународни партнери, ЕУ и САД ќе продолжат да поддржуваат демократски развој, што вклучува и избори и ја поздравуваат работата на Државната изборна комисија, како и напорите на граѓанското општество во унапредување на оваа цел. Американската амбасада и ЕУ најавуваат и дека одблиску ќе ги следи случувањата и ќе продолжи да ги споделува своите гледишта.