Бејли: Има интересен предлог на маса и се очекува решение до крајот на неделата

0
1515

Преговорите меѓу политичките партии потписнички на Договорот од Пржино и вечерва завршија без договор. Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли по средбата истакна дека на маса има интересен предлог и дека до крајот на неделата очекува решение на кризата, јавува „Мета“.

На средбата која денеска се одвиваше во резиденцијата на амбасадорот на САД, присуствуваа Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.

Посредници беа американскиот амбасадор Џес Бејли и заменикот на евроамбасадорот Аиво Орав, кој е на дополнителни консултации во Брисел.

Партиите за време на викендот имаа внатрепартиски консултации за единственото преостанато спорно прашање, односно ингеренциите на министерот за внатрешни работи.