Бејли: Да се отстранат сите пречки за работењето на СЈО

0
565

Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли смета дека е добро политичките партии и сите институции да работат на отстранување на пречките за нормално работење на Специјалното јавно обвинителство, Собранието да работи нормално и да продолжи спроведувањето на Договорот од Пржино.

„Ги поттикнуваме сите политички партии и институции да работат на отстранување на сите пречки за СЈО. Тоа е многу важно за воспоставување одговорност за прислушувањето и разговорите кои произлегоа од него“, изјави амбасадорот Бејли при неговата денешна посета на мегалитската опсерваторија Кокино каде што најави инфраструктурни реновирања на локалитетот, финансирани од УСАИД и Владата на Швајцарија преку проектот за експанзија на мали бизниси и локалната акциска група Абер 2015.

Во исто време, јави МИА, Бејли додал дека е многу важно и нормалното работење во Парламентот. ­

„Како што кажа Европската унија вчера, одговорноста на партиите е да продолжат да го спроведуваат Договорот од Пржино и да ја движат Македонија кон членство во ЕУ и НАТО“, рекол американскиот амбасадор.