Wednesday, November 6, 2024
14.8 C
Skopje

БЕСПРЕДМЕТНО Е СЕГА ДА СЕ ИСПРАТИ ПИСМО ДО ЕУ, УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ МОЖЕ ДА ПОЧНАТ НО САМО СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО, ВЕЛИ ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ

Сето она што требаше да биде содржано во писмото веќе е разговарано со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, која пред два дена беше во посета на земјата. Сега сето тоа би било беспредметно.

Ова денеска го рече премиерот Христијан Мицкоски при посетата на скопски Аеродром за најавите дека ќе испрати писмо до европските лидери во кое ќе ги информира за македонските позиции во однос на продолжувањето на процесот на интеграција кон Унијата, посочувајќи дека позицијата поврзана со уставните измени е јасна.

-Мислам дека тука никој не треба да има дилема дека ќе има ниту милиметар понапред, ниту милиметар поназад – рече тој.

На прашањето дали во декември годинава ќе почне процесот на уставните измени, премиерот посочи дека сега потребно е она што го предлагаат да биде прифатено, односно кога бугарскиот Парламент ќе го ратификува Пристапниот договор на нашата држава во рамките на ЕУ, да важат уставните измени.

-Мислам дека тоа е фер решение, имајќи ја во предвид состојбата до која не доведе Владата во која клучниот збор го имаше Бујар Османи, а позади себе ги водеше Маричиќ и Ковачевски – вели премиерот.

Сега дознава, како што рече, што се се правело во тој период и информациите се шокирачки.

-Затоа сега жестоко се бориме. Друг тип на уставни измени, додека сум премиер, нема да има. Ултиматуми и диктати не прифаќам – рече тој.

ОВАА НЕДЕЛА

ГОРИ БЕЗИСТЕНОТ ВО СТРУГА

Гори Безистенот лоциран во центарот на Струга, во старото...

ТРАМП ОСВОИ ПОБЕДА ВО ПЕНСИЛВАНИЈА И Е НА ЧЕКОР ДО НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ МАНДАТ

Републиканскиот кандидат и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ