БЕСПЛАТНИ ЌЕ БИДАТ НАЛЕПНИЦИТЕ ЗА ВОЗИЛА СО „НМК“, НО УШТЕ ГИ НЕМА ВО СТАНИЦИТЕ ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

0
186

Без налепница „НМК“ после 12 февруари не ќе може да се излезе од земјава со кола. (Фото: СДК.МК)

Налепниците за регистарските таблички на возила со ознаката „НМК“ ќе бидат бесплатни, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што велат од Министерството, за да немаат граѓаните дополнителни трошоци налепниците ќе бидат на товар на МВР.

Обврската за промена на кодот МК произлегува од Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција. Сопствениците на возила со регистарски таблици со стариот код МК, треба заклучно со 12 февруари да ги заменат со новиот код НМК.

Граѓаните имаат опција или да ги заменат целосно регистарските таблици, кои ги има во станиците за технички преглед каде се прави регистрација на возилата, или да стават само налепница. До денеска во ниту една станица за технички преглед немаше налепници со „НМК“. Има само регистарски таблички со „НМК“, но тие чинат 2.300 денари.

Без налепница „НМК“ после 12 февруари не ќе може да се излезе од земјава со кола.

За набавката на налепници, како и на регистарски таблици со НМК, Министерството во декември склучи договор вреден 2,3 милиони евра. Договорот што го потпиша е за период од три години, а добитник на тендерот беше компанијата „Квантум“ од Скопје заедно со германската „ЕХА Хофман интернационал“.

Заклучно со 12 февруари, граѓаните треба да имаат и лични документи со Северна Македонија, во спротивно нема да може да излезат од земјата.

Извор : СДК.МК